Македонија ДОМ: Да се одложи носењето на законот за државен испит

ДОМ: Да се одложи носењето на законот за државен испит

ДОМ не се сложува со брзината на носењето на законот за високо образование и затоа од партијата бараат одложување на неговото носење.

– ДОМ предлага одложување на носењето на законот за високо образование за да се обезбеди широка јавна дебата и да се земат превид аргументите на студентите и на професорите – велат од ДОМ.

Од партијата апелираат до МОН да се направи темелна анализа на овој образовен систем, како и евалуација на досегашниот кредитен трансфер-систем, да се укаже на недостатоците и на сите недоследности, да се ревидираат наставните програми во согласност со европските.

– Во спротивно, доколку набрзина се прифати ваква реформа во високото образование, ДОМ е убедена дека тоа нема да придонесе за подобрување на квалитетот на образованието, притоа ќе се наруши интегритетот на професорите и автономијата на универзитетите, а ризикот од несакани ефекти и негативни последици од набрзина донесените промени во високото образование е несомнен – велат од ДОМ.