Свет Докторите на кралицата Елизабета Втора загрижени за нејзиното здравје

Докторите на кралицата Елизабета Втора загрижени за нејзиното здравје

Фото: Принтскрин од Јутјуб - The Royal Family Channel

Лекарите се загрижени за здравјето на британската кралица Елизабета Втора и советуваа таа да остане под медицински надзор, соопшти во четвртокот Бакингемската палата.

Членовите на потесното семејство се информирани и во моментов патуваат во замокот Балморал, кралската резиденција на кралицата во Шкотска.

„По дополнителна проценка утрово, докторите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, наведено е во соопштението од Бакингемската палата.

Наследникот на тронот, принцот Чарлс војводата од Корнвол и неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол, сега пристигнаа во Балморал.

Како што објави Си-Ен-Би-Си, пристигнале и другите три деца на кралицата, принцезата Ана, принцот Ендру и принцот Едвард, како и нејзиниот внук принцот Вилијам, војводата од Кембриџ. Принцот Хари и неговата сопруга Меган, војводата и војвотката од Сасекс, се на пат. Принцезата Кејт, војвотката од Кембриџ, остана во Виндзор додека принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис се на нивниот прв цел ден во нивното ново училиште, соопшти Кенсингтонската палата.