Свет Балкан Договорена коалиција за федерална власт во Босна и Херцеговина

Договорена коалиција за федерална власт во Босна и Херцеговина

Партијата на демократска акција, Демократски фронт и ХДЗ во БИХ вечерва треба да го потпишат договорот за формирање власт на федерално ниво, кој не е во спротивност со оној договор што веќе е потпишан меѓу  СДА, ДФ и Сојузот за промени на државно ниво. Договорот за идно дејствување на оваа коалиција е дефиниран во десет точки.

Претседателот на ДФ, Жељко Комшиќ, изјави дека партијата нема да бара ниту хрватски, ниту бошњачки позиции во Советот на министри и во Владата на ФБИХ.

Десетте точки што се наоѓаат во договорот се: Устав и изборен закон, евроатлантски интеграции, владеење на правото, економско-социјална реформа, инфраструктурни проекти, осигурување рамноправност на народите и на граѓаните и зачувување на националниот идентитет, права на бранителите, одржливо враќање, превенција и отстранување на елементарни непогоди и конкретни мерки и рокови за реализација.