Македонија Доделени сертификати на полицајци специјализирани за обезбедување важни личности

Доделени сертификати на полицајци специјализирани за обезбедување важни личности

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и турскиот амбасадор во Македонија, Ѓурол Сокменсуер, денеска им доделија сертификати на македонските полицајци кои цела недела учеа вештини за обезбедување важни личности од своите турски колеги.

Јанкулоска им се заблагодари на турските колеги со кои соработуваат уште од 2007 година токму во делот на меѓународната полициска обука, која има цел зацврстување на односите помеѓу безбедносните служби на двете земји.

Министерката на крајот од церемонијата не сакаше да одговори на новинарски прашања.