Македонија Доделени наградите за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител

Доделени наградите за најдобар полицаец, пожарникар и крводарител

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска им ги додели наградите на најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител во Скопје за 2014 година, а наградата е по 10.000 денари.

Годинава, наградата за најдобар полицаец ја доби Љупчо Стојановски, вработен во полициска станица од општа надлежност во Гази Баба. Најдобар пожарникар е Зоран Ј. Трајаноски, пожарникар-спасител во бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и најдобар крводарител е Мирко Инчевски, вработен во Клинички центар Скопје, кој досега дарувал крв 112 пати.