Македонија До понеделник целата документација фирмите треба да ја достават до Државниот архив

До понеделник целата документација фирмите треба да ја достават до Државниот архив

Одредбите не важат само за приватните бизнсиси, туку и за државните органи, инситуции, јавните установи, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје

Целата своја документација од работењето, сите фирми до понеделник треба да ја достават до Државниот архив, а ако не го сторат тоа, ќе плаќаат казни од 1.000 до 2.000 евра за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице на компанијата.

Ова е предвидено со измените во Законот за архивско работење, а одредбите не важат само за приватните бизниси, туку и за државните органи, институции, јавните установи, единиците на локалната самоуправа и за Град Скопје.