Македонија До понеделник список на сведоци за Анкетната комисија за личните карти

До понеделник список на сведоци за Анкетната комисија за личните карти

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи денеска го изгласаа деловникот и планот за работа на комисијата.

Членовите на комисијата го поддржаа барањето на независната пратеничка Солза Грчева за и независниот пратеник да има право да предложи сведоци. Тие се согласија до понеделник сите да достават листа на сведоци и листи со институции што ќе треба да се посетат и до кои комисијата писмено ќе треба да се обрати за некакви информации.

Наредната седница ќе се одржи следната недела.