Македонија До ДИК се обратиле 502 граѓани со спорни записи

До ДИК се обратиле 502 граѓани со спорни записи

Државната изборна комисија соопшти дека до денеска, 30 јули, до 13 часот, 502 граѓани се пријавиле да го регулираат своето избирачко право.

Како што соопштија од ДИК, 116 лица се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 386 граѓани пријавувањето го извршиле преку интернет-апликацијата на Комисијата.

За повеќе од 39.000 лица се појавија несовпаѓања на податоците при проверките за прочистување на избирачкиот список.