Македонија До денеска издадени потврди за барање азил на 12.175 мигранти

До денеска издадени потврди за барање азил на 12.175 мигранти

Изминативе три дена, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил и привремена заштита, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало 1.706 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија на странски државјани кои илегално влегле на територијата на земјата.

Како што соопштуваат од МВР, од донесувањето на измените на Законот за азил досега биле издадени потврди на вкупно 12.175 илегални мигранти, од кои најголемиот дел доѓаат од Сирија, а потоа од Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија, Палестина и од Конго.

„Од почнувањето на издавањето на потврдите до 13 јули 2015 година (денеска) до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија, од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и од Алжир и по едно барање од државјани од Египет и од Ирак“, стои во соопштението на МВР.

Во Прифатниот центар за баратели на азил, заклучно со денеска, евинднтирани биле вкупно 25 баратели на азил, од кои 16 се мажи, две жени и седум малолетници.