Економија До 31 јули трае акцијата за отплата на заостанатите сметки за вода...

До 31 јули трае акцијата за отплата на заостанатите сметки за вода на рати, без камата

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје

Фото: Мета.мк

Акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање“, се вели во соопштението на ЈП Водовод и канализација.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.