Македонија Горивата од полноќ со нови цени

Горивата од полноќ со нови цени

Цената на дизелот ќе изнесува 76 денари, а малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1 денар и од полноќ ќе изнесува 85,5 денари

Фото: Мета.мк

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари за литар од полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со тоа, цената на дизелот ќе изнесува 76 денари.

„Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,13 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денари за литар, па новата цена ќе биде 83 денари“, информира РКЕ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1 денар и од полноќ ќе изнесува 85,5 денари.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 75 денари, а килограм мазут ќе чини 43,7 денари.