Економија Дизелот поскапува за два и пол денара, Еуросупер 95 за два денара

Дизелот поскапува за два и пол денара, Еуросупер 95 за два денара

Како причини за зголемувањето на цените се наведени зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и зголемувањето на вредноста на денарот во однос на доларот

Фото: Мета.мк

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) денеска донесе одлука за поскапување на дел од нафтените деривати. Новите цени ќе важат од полноќ, односно од првата минута на утрешниот ден.

Како причини за зголемувањето на цените се наведени зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и зголемувањето на вредноста на денарот во однос на доларот.

Малопродажната цена на Еуродизелот ќе се зголеми за два и пол денара, а цените на бензинот Еуросупер на Екстра лесното масло за домаќинство -1, се зголемуваат за два денара.

Од 15.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 90 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 90,5 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 86 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 85 денари/литар
Мазут М-1 НС = 47,304 денари/килограм