Свет Балкан Директорот на ЦИА во посета на Сараево

Директорот на ЦИА во посета на Сараево

Директорот на ЦИА, Џон Бренан, со воен авион слета синоќа во Сараево. Првиот човек на американското разузнавање денеска ќе има средба со босанскиот министер за сигурност, Драган Мектиќ.

Од американската амбасада во Сараево засега не ја коментираат посетата на Бренан, но познато е дека ќе се сретне со челниците на полициските агенции во БИХ и со Ударната група за борба против тероризмот во БИХ.

Информациите ги потврдиле и министерот за внатрешни работи, Аљоша Чампара, и босанското обвинителство, а соопштено е дека тема на состанокот ќе биде борбата против тероризмот.

На улиците на Сараево е забележливо зголемено присуство на полиција.