Македонија Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за одговорност на претседателот

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за одговорност на претседателот

Иванов не го прекршил Уставот без разлика дали некому тоа му се допаѓало или не. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски парнтери, за предлогот за формирање комисија за утврдување одговорност на претседателот Иванов, ќе гласаат против, информираше денеска во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој ги повика иницијаторите за формирање на ваквата комисија да ја повлечат одлуката, бидејќи таа според него нема уставна подлога.

– Мислам дека одлуката на Иванов за помилување не беше потребна во овој момент, но судење на претседател за одлука која има право да ја донесе е неприфатливо. Иванов има политички легитимитет и неговото дејствување е од сериозно значење за државните институции – додаде Димовски.