Македонија Димитров во еднодневна посета на Берлин – ќе се сретне со Габриел

Димитров во еднодневна посета на Берлин – ќе се сретне со Габриел

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, денеска во Берлин со својот германски колега, Зигмар Габриел, ќе разговара за интензивирањето на политичкиот дијалог и ќе побара засилена поддршка од Германија за спроведување на реформските приоритети, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

За време на еднодневната посета на Берлин, која е на покана на Габриел, Димитров ќе се сретне и со советникот за надворешна и за безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел, Кристоф Хојзген, како и со високи претставници на двете најголеми германски фондации „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“.