Македонија Димитров во Берлин ќе се сретне со претставници на МНР и кабинетот...

Димитров во Берлин ќе се сретне со претставници на МНР и кабинетот на Меркел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествува на конференцијата „Балкански дијалози“, организирана од страна на Минхенската безбедносна конференција, „EAST WEST“ Институтот и Белградскиот фонд за политичка извонредност (BFPE).

Димитров ќе настапи на пленарната сесија посветена на „Зајакнување на европската перспектива на Западниот Балкан“.

„За време на посетата во Берлин, покрај учеството на настанот, предвидено е Димитров да се сретне и со претставници од германското Министерство за надворешни работи и од Кабинетот на Канцеларката Ангела Меркел“, информираат од МНР.