Македонија Димитров утре во Берлин ќе се сретне со Габриел

Димитров утре во Берлин ќе се сретне со Габриел

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Берлин, на покана на шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел.

На средбата, како што соопштија од македонското МНР, се очекува да бидат разменети мислења за понатамошно интензивирање на политичкиот дијалог, како и да биде пренесено очекувањето за засилена поддршка и за помош од Германија во исполнувањето на клучните реформски приоритети.

За време на посетата на Берлин, Димитров ќе се сретне и со советникот на канцеларката Ангела Меркел за надворешна и за безбедносна политика, Кристоф Хојзген, како и со високи претставници на двете најголеми германски фондации „Конрад Аденауер“ и „Фридрих Еберт“.