Македонија Димитриевски: На професионалните војници им е загрозена егзистенцијата

Димитриевски: На професионалните војници им е загрозена егзистенцијата

Власта на ВМРО-ДПМНЕ ги излажа професионалните војници кои штрајкуваа со глад, дека ќе ги вработи. Пред пет дена заврши последниот рок, според измените на Законот за служба во АРМ, со кој што тие требаше да бидат вработени во некои од државните органи. Емил Димитриев, лично од позиција на генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, тоа јавно им го вети. Премиерот Димитриев не го спроведе тоа. Во стилот на Груевски и неговата власт, повторно си поигра со професионалните војници – изјави членот на извршниот одбор и претседател на комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски.

Според него, на професионалните војници кои се на улица им е загрозена егзистенцијата.

– На припадниците на АРМ кои се на служба им е загрозено професионалното и човековото достоинство.Тоа на професионалните војници им го прави државата што ја бранат. Ова е дел од нивната реалност. Скапани врати, скапани и нехигиенски тоалети, кревети, подови. Во такви услови работат на Воена академија во Скопје што власта ја трансформираше во универзитет – вели Димитриевски.

Тој, исто така, доаде дека војниците се хранат слабо и несоодветно, а работат и со застарена и дотраена опрема и техника.