Економија Димитриев: Владата со 1,5 милиони евра авансно ќе ги обесштети поплавените граѓани

Димитриев: Владата со 1,5 милиони евра авансно ќе ги обесштети поплавените граѓани

Владата авансно ќе ги обесштети поплавените граѓани во висина од 1,5 милиони евра, одлучи вчера владата на седница, соопшти денеска премиерот Емил Димитриев.

– На вчерашната владина седница донесовме одлука да интервенираме авансно со 1,5 милиони евра. Тие средства после ќе бидат вкалкулирани во средствата кои ќе бидат како отштета, но сметаме дека е добро авансно да се реагира бидејќи на некои луѓе и сега им требаат – рече тој.