Македонија Димитриев: Оваа влада е политичка, а не техничка

Димитриев: Оваа влада е политичка, а не техничка

Актуелната влада е политичка, а не техничка, бидејќи нема датум за одржување на изборите, изјави премиерот Емил Димитриев, при денешната посета на Агенцијата за земјоделство и рурален развој.

Димитриев рече дека техничка влада за спроведување на изборите, според законот, се формира на 100 дена пред изборите, додека сегашната политичка влада е насочена кон спроведување на програмата за која е избрана.

– Не знам зошто повеќе се користи терминот техничка влада. Законот е многу јасен – техничка влада, односно влада за спроведување на изборите се формира 100 дена пред изборите. Во периодот пред и потоа си функционира политичка влада, концентрирана на реализација на програмата за која го добила мандатот – изјави Димитриев.