Македонија Димитриев – Чичаковски: Создадени се услови за фер, демократски и веродостојни избори

Димитриев – Чичаковски: Создадени се услови за фер, демократски и веродостојни избори

Tехничкиот премир за организирање на избори, Емил Димитриев, денеска се сретнал со членовите на Државната изборна комисија, на која присуствувале и дел од членовите на Владата.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, информирал дека сè е подготвено за одржување на изборите и оти сите потребни активности се реализирани во согласност со предвидената динамика.

– Информирајќи дека избирачкиот список е потпишан и исконтролиран од подрачните одделенија на Државната изборна комисија, истакна дека во моментов се врши пакување и контрола на испечатениот изборен материјал и се реализираат другите предвидени активности на Државната изборна комисија кои се во насока на организација на денот на изборите – се вели во соопштението од Владата.

На средбата било констатирано дека се создадени сите услови за спроведување фер, демократски и веродостојни избори.