Македонија ДИК во понеделник ќе има став за снимките на Заев

ДИК во понеделник ќе има став за снимките на Заев

По вчера објавените снимки на лидерот на СДСМ, Зоран Заев , во кои, тој тврди, владини функционери местат и фалсификуваат избори, денеска членови на Државната изборна комисија изјавија дека в понеделник ќе разговараат за темата на седница на комисијата, објави „Нова ТВ“.

Актуелниот претседател на ДИК, Никола Рилкоски, во изјава за медиуми, вели дека не е информиран за снимките и не ја слушнал содржината на разговорите. Тој посочува и дека тоа се снимки кои се однесуваат на локалните избори во 2013 година, кога на чело на ДИК е Борис Кондарко.

Дел од актуелните членови на ДИК велат дека комисијата треба да се состане в понеделник и да заземе официјален став.

Без коментар во врска со снимките е и Борис Кондарко, како поранешен претседател на Државната изборна комисија.