Македонија ДИК: Со премиерот разговаравме за предизвиците околу предвремените избори

ДИК: Со премиерот разговаравме за предизвиците околу предвремените избори

Членовите на Државната изборна комисија денеска се сретнале со премиерот Емил Димитриев и со членови на Владата на Македонија.

Како што пишува во соопштението, на средбата се разговарало за соработката меѓу ДИК и Владата околу организирањето и спроведувањето на предвремените парламентарни избори.

„Членовите на ДИК и Владата разменија размислувања околу справувањето на ДИК со предизвиците во периодот што претстои. Тие особено се осврнаа на соодветното техничкото опремување на ДИК за спроведување на теренските проверки, изработката на софтверска апликација за методолошка обработка на избирачкиот список, како и подготвувањето медиумска кампања за информирање на граѓаните за теренската проверка и граѓанската контрола на избирачкиот список. Премиерот се интересираше и за почнувањето на вкрстените проверки на базите на податоци, по што претседателот на ДИК појасни дека тие ќе почнат веднаш по валидацијата на податоците, која е при крај, и дека потоа ќе се почне со теренските проверки на избирачкиот список и со увид во евиденцијата на МВР за издавање на биометриските исправи, како и во базите на податоци и евиденции на граѓани на други државни органи и институции“, пишува во соопштението на ДИК.