Македонија ДИК не била надлежна за претставката на СДСМ за изборните нерегуларности

ДИК не била надлежна за претставката на СДСМ за изборните нерегуларности

Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежна да расправа за претставката за изборните нерегуралности што ја доби од опозицискиот СДСМ.

Како што вели Никола Рилковски, претседател на ДИК, тој ја ставил претставката од опозициската партија како точка на дневен ред, но мнозинството членови одлучиле дека Комисијата не е надлежна за тоа.

– Побарав и ДИК официјално да ги препрати материјалите што ги добивме до Јавното обвинителство, но ниту овој предлог не помина – рече Рилковски.

Комисијата оваа одлука ја донела на редовен состанок во петокот.

Се очекуваше ДИК да расправа за изборните нерегуларности уште пред две недели, веднаш откако опозицијата ја објави „бомбата“ во „Универзална сала“.