Главна секција ДИК на полноќ ќе ги соопшти првичните резултати

ДИК на полноќ ќе ги соопшти првичните резултати

Државната изборна комисија соопшти дека изборите биле фер и демократски, без инциденти, но не соопшти колкава била излезноста во 19 часот.

Портпаролката Љупка Гугучевска, во име на ДИК, им заблагодари на граѓаните за излезноста и на медиумите за коректното известување во текот на целиот ден.

– ДИК беше во постојан контакт со општинските изборни комисии и успеа да ги надмине сите предизвици и технички проблеми на одредени избирачки места. Во текот на денот до ДИК пристигнаа 50 приговори од граѓани за заштита на избирачко право, а на пет веднаш им беше одговорено и им беше овозможено да гласаат – рече Гугуческа.

Таа соопшти дека ДИК на полноќ ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги објави првичните резултати, а во меѓувреме на веб-страницата на ДИК ќе се објавуваат пристигнатите податоци.