Македонија ДИК купува таблет-компјутери од 700 евра

ДИК купува таблет-компјутери од 700 евра

Државната изборна комисија ја избра понудата на фирмата „Адванс медија“ за набавка на таблет-компјутери за членовите на комисијата. Според договорот со фирмата, ДИК ќе купи 12 таблет-компјутери по цена од 44.000 денари без ДДВ или по 713 евра за еден таблет-компјутер. Првичната процената вредност на огласот објавен на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) беше 255.000 денари без ДДВ, а сега, по повторената постапка, набавката чини вкупно 528.000 денари без ДДВ.

На 12 ноември беше објавен првиот оглас за набавка, а крајниот рок за пријавување беше 19 ноември. Сепак, комисија од ЕСЈН утврдила дека тендерската документација содржела битни пропусти и недостатоци, па предложи тендерот да биде поништен.

На повторениот тендер, била избрана „Адванс медија“, која понудила најниска цена од сите пет кандидати. За оваа постапка не се спроведе јавно отворање на понудите, а најниската цена беше основниот критериум за тендерот.