Главна секција ДИК: До 17 часот излезноста на референдумот е 28,83 проценти

ДИК: До 17 часот излезноста на референдумот е 28,83 проценти

Државната изборна комисија информираше дека до 17 часот гласале 455.771 граѓанин, односно 28,83 проценти од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Во Општина Аеродром излезноста била  29,6 проценти, Арачиново 38,3 проценти, Берово 29,95, Битола 28,13 проценти, Богданци 30,45 проценти итн.

Од ДИК информираа дека сите приговори кои пристигнале до нив биле одбиени бидејќи немало законска основа да бидат прифатени. Станувало збор за граѓани кои не се нашле на Избирачкиот список бидејќи или менувале лични документи или немале важечки, а не го искористиле правото да бидат запишани во списокот за време на јавниот увид.

Од ДИК оценија дека сликата за денешеното гласање за време на референдумот е добра, со мали инциденти и упатија апел така да продолжи до затворањето на гласачките кутии во 19 часот.