Македонија ДИК денеска решава за оставката на Атанасов и за гласањето во странство

ДИК денеска решава за оставката на Атанасов и за гласањето во странство

Државната изборна комисија (ДИК), денеска ќе решава за оставката на пратеникот од СДСМ, Петар Атанасов. Потоа ќе разгледува барања за добивање на овластувања за набљудување на Референдумот 2018, поднесени од неколку граѓански организации, помеѓу кои и ОДИХР.

Исто така, ќе се разгледува Предлог Решение за утврдување и објавување на описите на избирачките места, како и други одлуки за претстоечкиот референдум.

На крајот, ДИК ќе решава за пополнување на местата во Општинските изборни комисии (ОИК).