Македонија Џорлев: „Танец“ не настапуваше на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето си беа таму...

Џорлев: „Танец“ не настапуваше на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето си беа таму приватно

Зоран Џорлев, директорот на Националната установа „Танец“ – Ансамбл за народни песни и игри на Македонија, вели дека се чувствува крајно разочаран затоа што многу новинари му се јавиле да го прашаат дали навистина „Танец“ настапувал на трибината на ВМРО-ДПМНЕ која во неделата се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– Не, тоа не беше „Танец“. Јас не можам да им кажувам и да им забранам на луѓето што ќе прават во приватното време. Но, морам да ви кажам дека сум крајно разочаран од оваа ситуација. Минатата година имавме многу настапи, многу достигнувања, имавме и годишнина, но никој не се јави да ме праша за тоа. А сега, само затоа што виделе дека, наводно, „Танец“ настапувал на трибина на ВМРО, ми се јавија еден куп новинари – вели Џорлев.