Свет Џихдистите заземаа воена база во Сирија

Џихдистите заземаа воена база во Сирија

Борците на Фронтот ал Нусра, џихадистичка организација поврзана со Ал Каеда, во текот на ноќта заземаа воена база и оружје од бунтовниците во северозападна Сирија.

Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдулрахман изјави дека борците на Фронтот ал Нусра исто така заробиле десетина бунтовници.

Бунтовничката 13 дивизија, на чие чело се наоѓа истакнатиот командант на бунтовниците Ахмед ал-Сеуд кој се бори под знамето на Слободна сириска армија, на „Твитер“ соопшти дека борците на Фронтот ал Нусра ги нападнале нивните бази и го земале оружјето, не наведувајќи повеќе детали.

Фонтот ал Нусра ги обвинува бунтовниците дека вршеле неочекувани напади на нивните бази во градовите Марат ал-Нуман во провинцијата Идлиб каде заробиле неколку припадници на Нусра.

Конфликтите помеѓу џихадистите и бунтовниците се разгореа во последните две недели од почетокот на примената на примирјето во Сирија, а пред одржувањето на мировните преговори во Женава помеѓу преставниците на владата на претседателот Башар Асад и бунтовниците.