Свет Џихадистите наредиле затворање три факултети во Аден

Џихадистите наредиле затворање три факултети во Аден

Џихадистите денеска наредиле затворање на три факултети на универзитетот во Аден, на југот на Јемен, за да ги принудат студентите од различен пол да не се мешаат во кампусите, велат очевидци.

Станува збор за втор инцидент од овој тип во Аден, втор град по големина во Јемен, каде ривалските групи Ал каеда и Исламска држава во последните месеци го користат хаосот во граѓанската војна за да го засилат своето присуство.