Македонија Џафери на конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Џафери на конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана од претседателот на унгарското национално собрание, Ласло Ковер, ќе се обрати на осмата конференција на претседатели на парламенти од земјите на Западен Балкан, што се одржува во Будимпешта.

Учесниците на конференцијата ќе се осврнат на темите „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“ и „Безбедносната димензија на соработката во Западен Балкан: придонес кон стабилноста на Европа“, a Џафери ќе се обрати на темата „ЕУ-интеграции: резултати и аспирации“.

Во рамки на конференцијата, претседателот на македонското Собрание ќе оствари и неколку билатерални средби со претседателите на парламентите од регионот.