Главна секција Џафери честиташе за европскиот начин на гласање, во мирна и демократска атмосфера

Џафери честиташе за европскиот начин на гласање, во мирна и демократска атмосфера

Ме радува фактот што атмосферата е мирна и што граѓаните имаат можност да гласаат европски, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој денеска гласаше во родното Форино, Гостиварско.

–  Тоа е придобивка на политичкиот систем во Македонија, со која граѓаните ја изразуваат нивната слободна волја. Се надевам дека до крајот на денот ќе биде вака како што и почна изборниот процес – рече Џафери.

Тој им честиташе на граѓаните за односот, но и на избраниците што ќе ја добијат довербата.

– Овој тренд радува и сакам уште еднаш да им честитам за ваквиот начин на гласање – изјави Џафери.