Дописници Дезинсекција во општина Јегуновце

Дезинсекција во општина Јегуновце

Утринава почна дезинсекција во општина Јегуновце, која ќе продолжи во вечерните часови и во текот на утрешниот ден.

Дезисекцијата како општа мерка за спречување на појава на заразни болести, ќе се спроведе од земја со апарат УЛВ за ладно запрашување, поставен на возило со приколка, со претходница од друго возило со ротациско светло.

Ќе бидат опфатени населените места, депониите и зелените површини во општина Јегуновце.

Дезинсекцијата ќе ја спроведе Центарот за јавно здравје Тетово, од каде апелираат пчеларите и пчеларските здруженија да ги преземат соодветните мерки за заштита додека трае прскањето.

Претходно, дезинсекција во полошкиот регион се спроведе во општините Тетово и Желино.