Свет Девојче бомбаш-самоубиец усмрти пет лица во Нигерија

Девојче бомбаш-самоубиец усмрти пет лица во Нигерија

Девојче бомбаш-самоубиец усмртила пет лица во напад на влез на автобуска станица во Даматур на североистокот на Нигерија, соопшти полицијата.

Помошникот началник Тојин Гбагедсин рекол дека 41 лице е повредено во експлозијата. Тој додал дека нападот го извршила четиринаесетгодишна девојка.

До сега никој не ја презема одговорноста за нападот, но постојат сомневања дека се работи за исламистичката организација Боко Харам.

Нигериската екстремистичка организација Боко Харам користеше неколку десетици девојчиња и жени за неодамнешните самоубиствени напади во Нигерија, Чад, Камерун и Нигер.