Хроника Девизи и пиштол украдени од стан во Мичурин

Девизи и пиштол украдени од стан во Мичурин

Во полициската станица во Аеродром вчера попладне е пријавена кражба во стан на скопската улица Венјамин Мачуковски. Кражбата е извршена во периодот од 7.15 до 16.10 часот.

Како што соопшти МВР, крадецот насилно ја обил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел 2.100 евра, 60 американски долари, златно синџирче со приврзок и пиштол „чз 75 б“ до калибар од 9 милиметри, кој со дозвола го поседувал сопственикот на станот, а потоа го напуштил местото на настанот.

Со тешката кражба сторителот стекнал противправна имотна корист од околу 150.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.