Македонија Деветтемина обвинети за насилството во Собранието ја признаа вината

Деветтемина обвинети за насилството во Собранието ја признаа вината

Деветтемина обвинети, чие судење за насилствата и тепањето во Собранието на 27 април, почна претпладнево се изјаснија дека се виновни за учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност, како што гласи обвинението.

На рочиштето во Основен суд Скопје 1, на кое присуствуваат сите обвинети, Ангеле Зафировски прво се изјасни како невин, а по кратко време ја смени одлуката и ја призна вината.

Адвокатите на обвинетите рекоа дека немаат забелешки на обвинението на Обвинителството и во моментов се даваат завршните искази пред судијката.