Хроника Деветмина приведени за тепачката во автобусот на ЈСП

Деветмина приведени за тепачката во автобусот на ЈСП

Во инцидентот, според полицијата, учестувале две групи на возраст од 15 до20 години

Полицијата привела девет лица, кои се осомничени дека учествувале во тепачката што вчера попладне се случила во автобус на ЈСП со број 64.

Во информацијата за настанот, од билтенот на МВР, е наведено дека инцидентот се случил околу 14.20 часот, на автобуска постојка на булеварот Партизански одреди, каде што во автобусот кој сообраќал на релација Транзитен центар – село Никиштани настанала тепачка меѓу две групи млади на возраст од 15 до 20 години.

По тепачката, на четири лица им биле констатирни телесни повреди. Од полицијата не соопштуваат повеќе детали за случајот. Оттаму велат дека по целосното документирање на случајот, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.