Економија Девет дуќани во Стара скопска чаршија добија нови излози

Девет дуќани во Стара скопска чаршија добија нови излози

Во рамките на проектот за уредување на излозите и на натписите на дуќаните во чаршијата, девет дуќани се целосно комплетирани. Министерството за економија за проектот издвои 2,6 милиони денари, а за годинава се предвидени дополнителни 6 милиони, додека комплетната реализација на овој проект ќе чини околу 30 милиони денари.

– Станува збор за проект чија цел е враќање на автентичноста и зачувување на културните вредности кои ги има Старата скопска чаршија, за кој дуќанџиите од блокот 3.2., преку здружението „Еснаф“ на Старата скопска чаршија, можеа да аплицираат на јавен повик – истакна министерот за економија Дритон Кучи, кој заедно со претседателот на здружението „Еснаф“, Бејтула Морина, и со претседателот на Советот на Општина Чаир, Захир Бектеши, ја посети Старата скопска чаршија за да се запознае со текот на реализацијата на овој проект.

Министерството за економија ангажираше проектантска куќа, која подготви техничка документација за конзервација, санација и за адаптација на 60 дуќани во блок 3.2 во Старата скопска чаршија.