Свет Европа Десетина илјади демонстранти протестираа во Полска

Десетина илјади демонстранти протестираа во Полска

Десетина илјади Полјаци протестираат низ големите градови во Полска во одбрана на правната држава, пред политичкиот „апетит“ на новата конзервативна влада. Протестот на околу 50.000 демонстранти заврши во Варшава пред претседателската палата.

Демонстрациите во поголемите градови ги организираше Комитетот за одбрана на демократијата, загрижен поради обидот на владејачката партија да го стави под контрола и Уставниот суд.

Токму пред Уставниот суд во Варшава, се собраа 10.000 демонстранти, меѓу кои и лидерите на опозициските партии.