Економија Депозитите во грчките банки се сигурни

Депозитите во грчките банки се сигурни

На средбата меѓу гувернерот Димитар Богов и турските инвеститори, тие се интересираа за сигурноста на депозитите во грчките банки, имајќи ја предвид кризата во оваа земја.

– Депозитите се сигурни колку и самите банки, односно зависат од неколку фактори како стабилноста на банката, капиталот, ликвидноста, корпоративното управување, управување со ризиците, профитабилноста. Судејќи според овие индикатори, депозитите во банките со грчки капитал се сигурни, како и во другите банки, а од некои од нив можеби и посигурни. Овие депозити се пласираат во македонската економија, банките работат според домашното законодавство и ако постои ризик, тоа е во македонската, а не во грчката економија – изјави Богов.

Според гувернерот, проектираниот пораст од 4,1 отсто тешко ќе се оствари. Ако кризата продолжи и ризиците се материјализираат, загубата ќе биде поголема.