Економија Депозитите на граѓаните – намалени, како последица на политичката криза

Депозитите на граѓаните – намалени, како последица на политичката криза

Првичните податоци од јуни, покажуваат пораст на вкупните депозити на месечна основа, кој во целост е воден од порастот на депозитите на корпоративниот сектор, се вели во соопштението на НБРМ за состојбите во домашната економија.

Депозитите кај домаќинствата втор месец по ред бележат намалување на месечна основа (иако во јуни тоа е во помал обем споредено со мај), како последица на зголемената неизвесност која потекнува од домашните политички случувања, како и од ескалацијата на случувањата поврзани со должничката криза во Грција (особено изразени во текот на јуни).

Остварувањата кај вкупните депозити во јуни се послаби од проектираните, при што на крајот на вториот квартал вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 8,8 проценти, додека проекцијата предвидува пораст од 10 проценти на годишна основа.