Македонија „Денови на македонски туризам“ во Србија

„Денови на македонски туризам“ во Србија

Српските туристички оператори и медиуми ќе присуствуваат на промоција на македонскиот туризам за зголемување на бројот на српски туристи, кои традиционално ја посетуваат земјава.

Настанот ќе се случува во Ниш, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на македонскиот туризам.

Гостите што ќе присуствуваат на афирмација на почнатата туристичка сезона, ќе имаат можност да дегустираат македонска храна и вино. За нив ќе биде организирана и наградна игра, а добитниците ќе имаат можност да добијат охридски бисери, филигран со македонски рубин и викенд за двајца во Охрид.

Бројката на српски туристи е 12 проценти од вкупниот број на туристи што ја посетуваат Македонија.