Култура „Денови на Холандија“ од денеска во „Ист гејт мол“

„Денови на Холандија“ од денеска во „Ист гејт мол“

Посетителите на 22 и 23 април ќе имаат можност да дегустираат холандски деликатеси

Амбасадата на Кралството Холандија, European plants и Ист гејт мол ја организираат манифестацијата „Денови на Холандија“, која се отвора денеска на главниот влез пред трговскиот центар „Ист гејт“.

На отворањето на манифестацијата ќе присуствуваат холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп, претставници на Холандската амбасада, извршниот директор на Ист гејт мол Игор Давков и претставници на трговскиот центар.

Со одржувањето на оваа манифестација ќе се одбележи и триесетгодишнината од дипломатските односи помеѓу Холандија и Северна Македонија.

„Во рамки на манифестацијата, до 30 април ќе се слави културата и богатата традиција на Холандија. Посетителите на 22 и 23 април ќе имаат можност да ги дегустираат и пронајдат најубавите холандски деликатеси“, информираат од Ист гејт мол.