Македонија Денеска жега – температурите до 41 Целзиусов степен

Денеска жега – температурите до 41 Целзиусов степен

Времето денеска ќе биде сончево и жешко. Ќе дува sлаб ветер од југоисточен правец.

Дневната температура ќе изнесува од 34 до 41 Целзиусови степени.

Во Скопје времето сончево и многу топло време, со температура до 39 Целзиусови степени.

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време, со натпросечни температури на воздухот. Ќе биде активирано жолто, а за некои региони портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење.

В среда попладне и в четврток ќе има зголемување на облачноста, проследена со локален пороен дожд и грмежи.

Од четврток ќе има и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.