Македонија Денеска затворен за сообраќај патот од мотел „Македонија“ до Градско

Денеска затворен за сообраќај патот од мотел „Македонија“ до Градско

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава.

Снимањето на францускиот филм се одвива на делницата од мотел „Македонија“ до Градско од 5 до 18 часот, што значи дека сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат, кој е обележан со соодветна сигнализација.

Прекин на сообраќајот ќе има в среда на патот А2 Кичево – Охрид, кај Извор. Поради изведување градежни работи (минирање), сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути, во периодот од 15 до 17 часот.