Македонија Денеска втора средба на МОН, УКИМ и на пленумите

Денеска втора средба на МОН, УКИМ и на пленумите

Втора средба на работната група за високото образование, составена од претставници на сите засегнати страни – Универзитетот, Владата, МОН, и пленумите на студентите и професорите – ќе се одржи денеска во Ректоратот на скопскиот универзитет, во 14 часот.

На првата официјална средба во четвртокот, која траеше речиси пет часа, беше заклучено работни групи со претставници од Универзитетот, вклучувајќи ги и „Студентски пленум“ и „Професорски пленум“, и од Министерството за образование и наука, за 30 дена да подготват анализа за состојбите и врз основа на неа да се дефинира концепт за изработка на законски текст за високото образование.