Македонија Денеска втора средба меѓу МОН и „Средношколски пленум“

Денеска втора средба меѓу МОН и „Средношколски пленум“

„Средношколски пленум“ денеска ќе одржи втора средба со претставници на Министерството за образование и наука. Средношколците вчера ја поминаа ноќта во шаторите поставени пред МОН, во паркот на новинари. По поставувањето на шаторите, тие беа повикани на средба со министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, неговиот заменик Спиро Ристовски и со вицепремиерот Владимир Пешевски, која заврши без компромис.

– На средбата водевме дискусија, но компромис не беше постигнат по ниедна точка од нашите барања. Само бевме уверени дека ќе имаме уште неколку средби, на кои ќе се обидеме да постигнеме некое заедничко решение. На средбата беа изложени барањата и аргументите од нашата страна, а од МОН беа изложени нивните аргументи. Бојкотот на наставата во училиштата и кампувањето во паркот на новинари продолжуваат – вели Александар Милески од „Средношколски пленум“.