Економија Денеска во Владата јавно отворање на понудите за избор на Универзален снабдувач...

Денеска во Владата јавно отворање на понудите за избор на Универзален снабдувач со струја

фото: Fré Sonneveld на Unsplash

Комисијата за спроведување на постапка за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија ќе изврши јавно отворање на понудите пристигнати на јавниот повик денеска во 15 часот во Медија центарот на Владата.

Неофицијално, помеѓу заинтересираните компании за влез на пазарот со струја е и Грчката национална компанија за производство на струја ППЦ која неодамна ја купи компанијата ЕДС на вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев.

Во моментов се активни осум снабдувачи со електрична енергија кои активно продаваат на потрошувачи, а се издадени преку 20 лиценци за снабдување со електрична енергија.

До назначување на новиот универзален снабдувач таа обврска ќе ја врши ЕВН Македонија со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија на сите потрошувачи и согласно Законот за енергетика.