Македонија Денеска во Собранието ќе заседаваат три собраниски комисии

Денеска во Собранието ќе заседаваат три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и комисиите за економси прашања и за труд и социјална политика.

Предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за социјалната заштита и на Законот за индустриски – зелени зони, сите по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија.

И членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони и на Законот за индустриски – зелени зони, по скратена постапка.

На седницата на Комисијата за труд и социјална политика, како што е најавено, на агендата се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за социјалната заштита и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, двата по скратена постапка во второ читање.